Престижнo признание за Ненад Монев, избран во Men’s Football ECA Working Group

270

Ненад Монев се здоби со нова престижна работна задача во Европската клупска асоцијација (ЕКА). Во конкуренција на функционери од 150 различни клубови од 50 држави, го именува Монев за еден од 25-те членови на Men’s Football ECA Working Group која во наредните четири години ќе биде клучна, во тесна корелација со УЕФА, во обликувањето на иднината на европскиот клупски фудбал и УЕФА клупските натпреварувања.

Men’s Football ECA Working Group ќе биде предводена од еден од потпретседателите на ЕКА Аки Рихилахти, а со неа ќе претседава прославениот португалски фудбалски ас Руи Коста, моментално на позицијата претседател на славниот португалски клуб Бенфика.

Оваа работна група ќе има мисија да внесе нови идеи за напредокот на европскиот клупски фудбал, вклучувајќи натпревари, високи перформанси и односи меѓу клубовите и националните асоцијации, преку препораки кои ќе бидат предадени до релевантните клупски фудбалски комитети на УЕФА и на ФИФА.

„За мене и за ФК Работнички претставува голем интернационален успех. Среќен сум и горд што ќе го претставувам мојот клуб ФК Работнички, особено македонскиот клупски фудбал во едно од најзначајните работни тела во структурите на ЕКА. Покрај останатите работни групи кои се одговорни за развојот на другите сегменти во клупското функционирање, како финансии, комерција и иновации, социјална одговорсност, самодржливост, женски фудбал итн., ова е сепак за мене најпрестижната. Самите сме свесни за популарноста на УЕФА клупските натпреварувања и фактот дека европскиот клупски фудбал со огромни чекори граби напред, а Men’s Football ECA Working Group треба да биде одредница и идејна работилница како да се изнајде патот до уште поголем успех во иднина во сите сегменти. Во фудбалот, успесите се постигнуваат на терен, но и надвор од него, а ФК Работнички е пример за ваквите успеси во изминативе години, но и во иднина. Преголема чест за мене и клубот е да бидеме рамо до рамо со најголемите европски фудбалски клубови, во креирањето на иднината на нашето големо европско клупско фудбалско семејство“, вели генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев.

ПретходноСојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“
СледноСудиска анализа: Работнички оштетен за пенал на куп – мечот со Шкупи!