Тренерот на Митровски и Елези има рак, но тој и натаму ќе го води тимот на Вараждин!

681

Ужасни вести од раководството на НК Вараждин, тим од елитната лига во Хрватска. За нас тој клуб е интересен и поради тоа што едни од клучните играчи се нашите репрезентатовци Димитар Митровски и Агон Елези.

Ужасната вест е дека тренерот на НК Вараждин, Марио Ковачевиќ има рак. На последните прегледи дијагностициран му е канцер на плуќата. Сепак како што се наведува од клубот, Ковачевиќ и натамуќе го води тимот на Вараждин се додека се чувствува способен тоа да го прави.

Инаку под негова команда, но и поради одличните настапи на нашите Митровски и Елези, Вараждин е хит во шампионатот на ХНЛ оваа сезона.

ПретходноСудиска анализа: Работнички оштетен за пенал на куп – мечот со Шкупи!
СледноШведски ракометар испиша историја, постигнуваше гол на секои две минути!