Вардар 1961 го победи Пролет во скопската пресметка, Охрид лесно до триумф против Куманово

108

Доцна попладнево се одиграа два меча од 10.коло во нашата ракометна Суперлига. Во скопската пресметка Вардар 1961 како гостин го победи составот на Пролет со 24:28, па така стигна до деветтата победа сезонава.

Пролет подобро го отвори овој меч, во почетните минути имаше предност од два гола разлика, 3:1 и 4:2, но како што одминуваше времето фаворитот ги презеде работите во свои раце па така уште на полувремето дојде до предност од 10:17.

Во второто вардарци одиграа рутински, и кога беше се готово домашниот состав успеа да го ублажи поразот на само четири голови за конечни 24:28.

Во вториот меч Охрид на свој терен успеа да слави убедливо со Куманово со 33:25. Победникот на оваа средба, очекувано, беше решен многу рано, уште во првиот дел кога домашните имаа и 10 голови предност. Во ниту еден момент кумановци не беа закана за четата на стратегот Алушовски.

Во победничкиот тим најдобри срелци беа Шипинковски и Бојаниќ со по 5 голови, додека кај гостите се истакна Гамзардија со седум погодоци.

ПретходноСрпски судија додека сигнализираше неспортска лична грешка се лизна и заработи тешка повреда (ВИДЕО)
СледноСпалети одбра за Македонија! (ФОТО)