Уште една одлична партија на нашата ракометарка Сара Ристовска во дресот на ЦСКА Москва. Во меч од 12.коло, Ристовска и нејзините колешки на гостувањето кај Тољати одиграа 29:29, со што освоија голем бод на овој дерби натпревар.
Македонската повторно блескаше со шест голови во домашната мрежа. Со овој скор таа беше најдобар стрелец во гостинскиот тим, заедно со Екатерина Илина.
Со овој бод тимот на Ристовска го задржа второто место на табелата пред составот на Тољати, а лидер е тимот на Ростов.