Одбиле минута молчење – познато и зошто

2286

Виљареал го совлада Макаби Хаифа со 2:1 во Лига Европа, мечот се одигра во Ларнака затоа што поради бомбардирањата во Израел тимот на Макаби е принуден да игра на други стадиони. Пред мечот донесена е одлука да се оддаде минута молчење на сите израелски жртви во борбите со Хамас.
Двајца фудбалери одбиле да го направат тоа. Тоа е Аиса Манди, француски играч со алжирско потекло и Илијас Акомач, шпански фудбалер со мароканско потекло.
Причината е што никој не ги спомнал и палестинските жртви во борбите. Во израелскиот тим беа лути истакнувајќи дека „нивното однесување е неприфатливо“.

ПретходноГолманот се тргна, топката заврши во мрежата – но погодокот не важи! (видео)
СледноАвтобусот со играчите на Тиквеш бил во дефект, мечот под Шара ќе доцни 15-20 минути!