Ужасни вести од Албанија доаѓаат во текот на денешниот ден. Фудбалер од Гана, Рафаел Дуамена (28), на мечот Егнатија – Партизани, починал на терен како последица од срцев удар. Се разбира дека ова е голем шок за сите во албанскиот фудбал, по ова се огласи и тамошнтата фудбалска федерација.
Тој загубил свест за време на натпреварот, веднаш бил пренесен во болница каде е констатирана смрт на фудбалерот од Гана.
Инаку тој имал срцеви проблеми, играл со дефибрилатор и не ги послушал советите на лекарите.