Бастијанини победник во Малезија!

61

 

Енеа Бастијанини на Дукати е победник на трката за ГН на Малезија која се возеше на патека“Сепанг“.Италијанецот водеше од стартот до целта и ова за него беше петта победа во “кралската класа“.

Како втор заврши Алекс Маркез,кој победи во спринтот, а трет беше Франческо Бањаја. Додека конкурентот за титулата на Бањаја, Хорхе Мартин трката ја заврши на четвртото место. Ова значи дека сега бодовната разлика е +14бода за Бањаја и тоа на две трки до крајот на сезоната.

Ако за првото место на трката немаше никаква борба,едноставно Бастијанини тргна прв и воопшто не го интересираше што се случува зад него, тогашсе водеше голема борба за третата позиција,која ја доби Бањаја.

ПретходноКалин го мина првото квалификациско коло во Кобе!
СледноВМФЛ: Беса ја чека тешко гостување во Охрид, Тетекс го дочекува Пелистер