Струмица лесно ја мина и Шкендија, драмата во пет сета за Работнички

123

Шампионот Струмица продолжи со победничката серија во домашното првенство. Викендов струмичани со максимална победа се враќаат и од Тетово, каде доминираа на средбата со Шкендија, која во трите сета не успеа ниту еднаш посериозно да го загрози противникот.

Највозбудливо беше во Скопје, каде Работички го пречека Сушево во меч во кој се играа пет сета. Првите три сета завршија на разлика, што само по себе беше дополнително возбудување. На крајот се радуваа домашните во драмата во петтиот сет кој заврши со 15:13.

Сигурни победи остварија и Универзитет во Тетово, Весна Пробиштип и ГОК Борец. Дербито на колото е на програмата утре во Штип.

Прва лига (мажи) – 4. коло

Македонија Џио – Универзитет во Тетово     0:3 (6:25, 17:25, 9:25)   

Шкендија – Струмица                         0:3 (13:25, 8:25, 14:25)

Работнички 71&22 – Сушево              3:2 (26:24, 26:28, 24:26, 25:16, 15:13)

Весна Пробиштип – Јанта волеј        3:0 (25:19, 25:23, 25:17)

ГОК Борец – Вардар                       3:0 (25:11, 25:8, 25:9)

Штип УГД – Лирија   (понеделник, 20.00, МРТ-3)

ТАБЕЛА: 1. Струмица (12); 2. Лирија (9); 3. Универзитет во Тетово (9); 4. Штип УДГ (6); 5. Шкендија (6); 6. Работнички 71&22 (6); 7. Борец (6); 8. Весна Пробиштип (5); 9. Сушево (4); 10. Вардар (3); 11. Јанта Волеј (3); 12. Македонија Џио (0).

ПретходноДориев: Го почитувам изборот на селекторот, но сметам дека заслужив повик
СледноПочнува Финалниот АТП турнир: Новак може да испише нови рекорди