Рашфорд: Се извинувам за пеналот, но не и за бојата на кожата

670

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд се извини што промаши пенал во финалето на Европското првенство против Италија, но рече дека нема да се извини за бојата на кожата и потеклото. Тој, Џејдон Санчо и Букајо Сака се најдоа под расистички напади преку Интернет откако Англија го загуби трофејот на пенали, а токму овие тројца ги промашија ударите од еднаесет метри. 

“Можете да ме критикувате за пеналот цел ден и ќе бидете во право. Ударот не беше доволно добар, а требаше да биде. Сепак, никогаш нема да се извинам за моето потекло”, напиша 23-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед. 

“Никогаш во животот не сум се чувствувал погорд од моментот кога го облеков дресот со трите лава. Исто така, во моментот кога го видов моето семејство меѓу десетици илјади други на трибините како навиваат за мене, за Англија. Сепак, не можам со зборови да опишам како се чувствувам сега. Сезоната беше тешка, и ова финале го започнав со ниска самодоверба. Претпоставувам дека беше видливо од далеку. Во принцип, секогаш ќе преземав одговорност за удар од единаесет метри, но во тој момент нешто не беше во ред. Имав чувство дека залетот за пеналот трае вечно и резултатот не беше тој што го посакував“ – напиша напаѓачот на Манчестер Јунајтед. 

 

ПретходноЛеброн: „Кариерата да ја завршам како играч на Лејкерс“
СледноЛацио го промовираше Србинот од Чукарички