Клоп: Кој нормален го закажа дербито со Манчестер Сити во сабота во 13:30?

802

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека е незадоволен што големото дерби на неговиот тим со Манчестер Сити е закажан во терминот од 13:30 веднаш по репрезенативната пауза.

„Сега сите играчи ќе одат во националните тимови, а потоа имаме натпревар со Манчестер Сити, пред кој ќе можеме да тренираме, можеби еднаш. Како може ваква средба да се закаже за 12:30 часот (по лондонско време) во сабота? Да бидам искрен, луѓето кои носат такви одлуки едноставно не го чувствуваат фудбалот. Ова е едноставно невозможно. Не знам колку играчи на Ливерпул и Манчестер Сити ќе одат во националните тимови, но мислам дека се околу 30. Ќе организираме посебен лет за Јужноамериканците. Навистина е лудо“, изјави Клоп.

По 12 кола во англиската Премиер лига, Ливерпул е на второто место на табелата со еден бод помалку од лидерот Манчестер Сити.

ПретходноПо откажувањата на Медисон, Данк и Вилсон: Англија со три нови имиња ќе допатува во Скопје
СледноРепрезентацијата се собра во Скопје пред супер-двомечот со Италија и Англија (ФОТО)