Александар Јовиќ е нов тренер на Пролет

174

Александар Јовиќ за кратко време по разделбата со Пелистер најде нов ангажман. Во продолжение на сезоната ќе го води тимот на Пролет, кој веднаш тргна во преговори со тренерот кој првеше чуда од вториот тим на Пелистер, а потоа заедно со Звонко Шундовски почна да ја пишува историјата во ЛШ, но нешто не „штимаше“, па дојде време за разделба.

Пролет пред скоро време се раздели со Алексо Лембанов, во меѓувреме функцијата на тренер ја извршуваше Илија Темелковски, поранешниот македонски селектор.

 „Презадоволни сме што можеме да ја официјализираме соработката со Александар Јовиќ, идеален тренер за Тинекс Пролет. Говориме за стратег кој до пред еден месец беше дел од Лигата на Шампионите, а од денеска ќе почне со работа во нашиот клуб. Тој работи исклучително добро и со младите ракометари помагајќи им да напредуваат во кариерата, што исто така е многу значајно за нашиот клуб. Не се сомневаме дека донесовме вистински избор со ангажманот на овој врвен стручњак со кого Тинекс Пролет уште повеќе ќе напредува“, изјави директорot на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

ПретходноТрето коло од „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“ на 2WIN.MK
СледноПикси: Од први јануари сум слободен, можам да преговарам со други тимови!