Женско супер-дерби: Шампионките на нов тест во Струмица

187

По само два дена пауза, најдобрите одбојарски тимови во двете прволигашки конкуренции денеска продолжуваат со битката за бодови. Денеска и утре ќе се комплетираат 5. и 6. коло од првенствената сезона во кои ќе имаме по еден навистина интересен натпревар и во машката и во женската лига.

Дерби за врвот кај мажите денеска ќе одиграат екипите на Лирија и Весна Пробиштип, меч кој е единствен закажан за утре. Денеска ќе биде интересно во Тетово каде Унивезритет во тетово го пречекува Борец, а Сушево ќе се обиде како домаќин да го изненади Штип УДГ.

Во женска конкуренција големото дерби е денеска во Струмица, каде еден од двата досега непоразени тима, Струмица, ќе го пречека шампионот Работнички, кој веќе имаше два „кикса“ на стартот од сезоната. Фит Фан Волеј, пак, ќе се обиде да му ги помрси сметките на Јанта Волеј во малото скопско дерби.

Прва лига (мажи) – 5.коло

Вардар – Работнички 71&22                          (среда, 18.00)

Струмица – Македонија Џио                         (среда, 18.30)

Јанта волеј – Шкендија                                  (среда, 19.00)

Универзитет во Тетово – ГОК Борец             (среда, 19.30)

Сушево – Штип УГД                                      (среда, 20.00)

Лирија – Весна Пробиштип                           (четврток, 19.30)

Прва лига (жени) – 6.коло

Струмица – Работнички Скопје             (среда, 19.30)

Вардар ЕМ – Наковски волеј                          (среда, 16.30)

Јанта волеј – Фит фан волеј                          (среда, 20.30)

Младост УГД – Вардар 2019                         (среда, 20.00)

ПретходноИталијанскиот тенисер го нападна Ѓоковиќ: Федерер и Надал никогаш не се однесувале вака
СледноКартите за мечот со Англија „летнаа“ како алва