Бајиќ импресиониран од младиот Стефанов: Тој е иднината на оваа репрезентација

3561

Драган Бајиќ ја почна својата мисија на чело на македонската кошаркарска репрезентација. Босанскиот стратег немаше среќа, во составот за претквалификациите за СП 2023 ги нема браќата Војдан и Дамјан Стојановски, а под знак прашалник е Стојан Ѓуорски.

Иако Македонија нема да настапи со сите сили, сепак тој верува дека можат да се добијат дуелите со Швајцарија и Словачка. На располагање ќе има „ростер“ составен од млади и искусни кошаркари. Смета дека националниот тим има иднина, но за тоа треба трпение.

Бајиќ е посебно воодушевен од младите сили со кои работеше два дена или четири тренинзи пред стартот на официјалниот собир. Испрати комплименти на сметка на Рубин Стефанов, синот на Врбица Стефанов.

Ова момче има 16 години ќе биде лидер на шампионатот ова лето во Скопје. Бајиќ во него гледа иднина, гледа кошаркар кој е квалитетен и кој ќе биде една од главните сили на најдобрата репрезентација. Стефанов беше дел од Римини Крабс, но поради пандемијата коронавирус се врати во Македонија, тренира со тимот на Ангели.

„Патот на Македонија не можеме да го гледаме во следните 15 дена, патот го гледам во следните четири години, заедно со подмладувањето. Морам да кажам дека ме радуваат младите играчи со кои работевме четирите тренинзи, особено младиот Стефанов. Има 16 години, тој е иднина на оваа репрезентација, работеше добри тренинзи, тој е квалитетн играч. Иднината постои, но мора да се има трпение“, порача Бајиќ.

Тој и неговите избраници се селат во Маврово каде ќе го одбработат физичкиот дел.

ПретходноСтоле во Топ 10 голмани на ЕУРО 2020!
СледноЖдрепката за новата сезона во ПМФЛ на 21 јули!