Откако не им дадоа да навиваат за својата репрезентација: Бугарите утре ќе протестираат пред стадион!

1031

Откако донесоа одлука спротивна на секоја здрава логика да ги затворат трибините на стадионот „Васил Левски“ каде Бугарија и Унгарија ќе играат во квалификациски меч за ЕП 2024, првите луѓе на Бугарската федерација утре ќе се соочат со масовен протест на навивачите.  Как што соопштија некои бугарски медиуми, над 10.000 симпатизери на бугарската репрезентација утре ќе го опкружат стадионот „Васил Левски“ пред натпреварот меѓу Бугарија и Унгарија. Протестот започнува два часа пред самиот натпревар кој стартува од 18 часот.

Навивачи и фан клубови на екипи од целата држава организираат патување во Софија за да го изразат своето незадоволство од одлуката на раководството на БФС.

Претходно„Нова Италија“ в петок против Македонија: Спалети со 7 нови стартери за разлика од Скопје!
СледноЖиру ќе се „лади“ на два меча во Серија А