Црвена Звезда доцна се разбуди во Пиреја, Фенербахче поразен трет пат по ред

200

Кошаркарите на Црвена Звезда се поразени на гостувањето кај Олимпијакос со резултат 88:83 во меч од 9.коло на Евролигата.
Најдобри поединци кај Звезда беа Немања Недовиќ со 26 поени и Милош Теодосиќ со 15 поени. Во победничкиот табор се истакна Алекс Питерс со 28 поени, четири скока и три асистенции.
Звезда добро тргна, но потоа забави и тоа го искористија кошаркарите на Олимпијакос кои го преземаа водството и го сочуваа до самиот крај. Во 35 минута од мечот тимот од Пиреја водеше и со +15. Но Звезда возврати со тројка под фаул на Немања Недовиќ, потоа тројка на Дос Сантос и предноста се стопи на 80:75.
Во финишот, кошаркарите на Олимпијакос умешно го сочуваа водството иако Звезда фати залет но немаше време за нешто повеќе.
А Фенербахче го впиша четвртиот пораз сезонава односно трет по ред. Вечерва кошаркарите на Истанбулскиот тим паднаа против Макаби Тел Авив со 78:73, а во претходните две кола загубија од Звезда и од Партизан.

РЕЗУЛТАТИ
МАКАБИ Т.А. – ФЕНЕРБАХЧЕ 78:73
ОЛИМПИЈАКОС – Ц.ЗВЕЗДА 88:83
МИЛАНО – ЕФЕС 92:76
РЕАЛ М. – МОНАКО 91:73

ПретходноАдвокатите на Флоренци: Точно е дека игра покер, блек-џек, рулет, но не се обложува на фудбал
СледноСловачка трет пат по ред ќе игра на ЕП, БиХ се посрамоти во Луксембург