Словачка трет пат по ред ќе игра на ЕП, БиХ се посрамоти во Луксембург

840

Репрезентацијата на Словачка се пласира на Европското првенство кое ќе се одигра идната година откако вечерва на домашен терен го совлада Исланд во 9.коло од квалификациите. Па така на коло пред крајот Словаците имаат 19 бода, пет повеќе од најблискиот конкурент Луксембург.
Всушност на Словаците им беше доволен и бод, но со овие три го осигураа третото учество по ред на евро-шампионатите. Тие победија со 4:2.
Поведе Исланд со гол на Оскарсон во 17. минута но пред крајот на првото полувреме Словаците направија пресврт со голови на Куцка и Дуда од пенал. Само што почна второто полувреме двапати во листата на стрелци се запиша и Лукаш Хараслин. Исланѓаните до крајот само намалија преку Гудјонсен.

Во оваа група Луксембург ја совлада БиХ со 4:1 со голови на Олесен, два на Родригес и автогол на Мујакиќ, за БиХ стрелаше Гојковиќ. Луксембург ги игра најдобрите квалификации во својата историја затоа што по 9 меча има четири победи, две ремија и три порази.
БиХ има само девет бода по исто толку мечеви. А првото место во оваа група го освои Португалија која е недостижна со „девет од девет“.

Во групата Г репрезентацијата на Унгарија обезбеди место на ЕП, е сега останува борбата за второто место. Србите го држат местото со 13 бода и им претстои меч со Бугарија кој мора да го добијат. А Црна Гора чека од позадина затоа што има 11 бода по вечерашната победа над Литванија со 2:0.
Црна Гора во последното коло ќе игра со Унгарија во гости.

ПретходноЦрвена Звезда доцна се разбуди во Пиреја, Фенербахче поразен трет пат по ред
СледноСинер го совлада Руне и го однесе Ѓоковиќ во полуфиналето во Торино