Истрагата заврши, донесена е одлука. На Евертон му е изречена казна од 10 поени по сослушувањето на независна комисија за наводно прекршување на финансиските правила и правилата за одржливост на Премиер лигата. Казната стапува на сила веднаш, па „карамелите“ засега се во зоната за испаѓање. Се очекува да има жалба, а клубот објави официјален став.
„Од клубот сметаат дека Комисијата изрече целосно непропорционална и неправедна спортска санкција. Клубот веќе ја објави својата намера да се жали на одлуката во Премиер лигата. Сега ќе започне жалбениот процес, а случајот на клубот ќе биде сослушан од Апелациониот одбор назначен во согласност со правилата на Премиер лигата во догледно време.
Евертон останува на ставот дека бил отворен и транспарентен во информациите што ги доставил до Премиер лигата и дека секогаш го почитувал интегритетот на процесот.
Тежината на санкциите наметнати од Комисијата не е ниту праведен, ниту разумен одраз на презентираните докази“.
Евертон моментално е на 14 бода во Премиер лигата, а по оваа казна ќе се израмни со последнопласираниот Барнли кој има 4 бода на своето конто.
BREAKING: Everton handed 10-point deduction for FFP violation 🚨 pic.twitter.com/yx10HBZDFC
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) November 17, 2023