Во прво полувреме за заборав, Македонија е во негатива од 3:0 на гостувањето во Рим против Италија на претпоследниот меч од квалификациите за ЕП 2024. Италија поведе по 17 минути со голот на Дармијан, по катастрофалната реакција на нафрлената топка во нашиот шеснаесетник.
Во 40. минута, по играњето со рака на Серафимов во шеснаесетникот на Димитриевски, Италија доби удар од белата точка, кој Жоргињо не успеа да го претвори во водство од 2:0. Нашиот чувар на мрежата го прочита противничкиот фудбалер и го одбрани пеналот, но веќе во следниот напад, Киеза ја тресе нашата мрежа за водство на „аѕурите“ од 2:0. Штета!
Во судиското продолжение, Киеза и по вторпат успеа да го матира Димитриевски и да ја стави нашата селекција под голем притисок пред почетокот на вториот дел.
Ако не поправиме нешто во вториот дел, Италија лесно ќе ги освои сите три бода вечерва на „Олимпико“.