Левандовски: Требаше да одам во Блекбурн, но Гримсветн промени сè

465

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски можел да има поинаква кариера ако не бил исландскиот вулкан Гримсветн кој се активира во 2010 година. Тогаш полскиот напаѓач играл за Лех Познањ и од таму требало да оди во Блекбурн Роверс. Меѓутоа бил спречен во тоа, а потоа кариерата му отишла во поинаков правец.

Требаше да одам во Блекбурн Роверс. Прво сакав да видам како се работи во Блекбурн, да посетам тренинг. Се сретнав со Сем Алардајс во Полска после еден натпревар. Добар човек, добар тренер. Тој процени дека во мене има потенцијал и дојде да ме види. Имаше неколку понуди кога требаше да заминам од Познањ.

Мислам дека добро ќе беше и ако отидев во Блекбурн. Не отидов затоа што тогаш се активира вулканот (Гримсветн во 2010). Авионскиот сообраќај беше затворен поради густите облаци. Една недела никој не можеше да лета во Европа. А имав купено билет. Тоа го промени мојот живот и мојата кариера. Ако отидев таму веројатно и ќе останев“, раскажува Левандовски.

 

ПретходноАтанасов: Најважно е дека турнирот го завршивме победнички
СледноРеал Мадрид потврди: Без најдобриот играч во следните два месеци!