МЗТ Скопје со победа се одјави од вториот турнир во АБА2-лигата сезонава. На последниот меч го совлада Борац со 67-61 во драматична завршница. На крајот дефинитивно се бројат победите, а пред комплетирање на петото коло, македонскиот првак е лидер на табелата на скор од три победи и два порази. МЗТ Скопје имаше шанса да го заврши овој турнир комплетно, но испушти шанса против Хелиос.
„Одбраната во второто полувреме беше клучна за денешната победа, особено во третата четвртина, ни реализиравме лесни поени. Не викам дека игравме најдобра одбрана во првото полувреме, но победа си е победа. Најважно е дека турнирот го завршивме победнички“, изјави младиот тренер на МЗТ Скопје.