Спортспорт во Рим, Игор Д. Ивановски
Македонската фудбалска репрезентација нема многу време за тагување по убедливиот пораз од Италија во Рим, бидејќи веќе во понеделник во нашиот главен град гостува Англија. Овој меч ќе биде и последен од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година за кое „црвено-жолтите“ одамна ги загубија шансите.
На Националната Арена „Тодор Проески“, македонската репрезентација ќе ја пречека Англија пред 30.000 фанови.
Благоја Милевски денеска ќе одржи тренинг, но на истиот ќе бидат присутни оние кои против Италија не настапија.