Реал Мадрид би можел да остане без бразилскиот репрезентативен напаѓач, Винисиус повеќе од два месеци поради повреда на бутниот мускул, која ја заработи за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Винисиус се повреди на натпреварот против Колумбија кој се одигра во четвртокот.
Констатирана му е руптура на феморалниот бицепс на левата нога со зафатена дистална тетива, соопшти Реал по првичните прегледи. Винисиус оваа сезона постигна шест гола и даде четири асистенции во сите натпреварувања.
Клубот доби лоша вест и од Франција бидејќи играчот од средниот ред, Камавинга го повреди десното колено на тренингот со репрезентацијата пред натпреварот против Гибралтар. Засега не е познато колку е сериозна неговата повреда.