Англиските фанови добија инструкции: Внимавајте на женскиот тоалет!

3092

Еуфоријата за англиската фудбалска федерација ја обзема цела нација. Фудбалерите на оваа земја се во центарот на вниманието, Националната Арена „Тодор Проески“ е распродадена целосно.

Во нашиот главен град веќе пристигнаа и дел од навивачите на англиската репрезентација, тие добија јасни иструкции кои беа споделени на „Фејсбук“ страницата на Британската Амбасада во Скопје. Во најава се 2000 гостински навивачи на трибините на Арената за утрешната средба против Македонија.

На страницата на Абасадата може да се најдат детални информации за се што треба да знаат сите Англичани кои веќе се во Скопје или пак ќе пристигнат утре.

Од начин на подигнување на билети до начинот на кој треба да се однесуваат кон оние кои ќе им ги врачат картите, до начинот на кој треба да влезат на стадионот, што не можат да внесат внатре и кога ќе ги напуштат трибините по завршување на натпреварот.

Во обраќањето има еден интересен дел за женскиот тоалет во делот кај што ќе бидат Англичаните, се вели дека припадниците на машкиот пол мора да внимаваат, бидејќи женскиот толает не бил добро означен. Во меѓувреме од Амбасадата побарале тој дел да биде решен за да нема забуни.

Целиот текст можете да го видите на следниот линк.

Инаку, сите фанови се предупредени да се однесуваат спроед правилата доколку ја минат линијата ќе се најдат под истрага.

ПретходноПикси ја однесе Србија на ЕВРО 2024, ама за малку ќе беше тешка бламажа! (ВИДЕО)
СледноБутел со триумф кај Голден Арт!