Дабл-дабл на Јакимовски, Наполи – перфектен

0
Фото: Наполи/Фејсбук

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски продолжи со одличните игри во дресот на Наполи. Неговиот тим дојде до втората победа во италијанскиот шампионат, откако славеше против Реџана со 99-93.

Нашиот кошаркар беше фантастичен, за 28 минути во игра зад своето име запиша дабл-дабл од 17 поени и 10 скока.

Овој учинок покажува дека Јакимовски одлично се вклопи во системот на Јасмин Репеша, а дека Македонија има уште еден одличен адут за продолжение на претквалификациите за ЕП 2029, а потоа и квалификациите.

ПретходноСедлоски: Тежок пораз, не сум навикнат на ова