По два последователни порази, американската кошаркарска репрезентација ја прослави првата победа во подготовките пред настапот на Олимписките игри во Токио. САД ја совладаа Аргентина со 108:80 во меч во кој делуваа многу подобро, отколку на поразите од Нигерија и Австралија.
Кевин Дурент и Бредли Бил одиграа одличен меч за тимот на Грег Попович реализирајќи по 17 поени. Дури пет американски кошаркари постигнаа двоцифрен број поени. Зак Лавин постигна 15, Дамијан Лилард 13, а Бам Адебајо имаше 12.
За Аргентина, 41-годишниот Луис Скола постигна 16 поени.