Добро да се размисли – дали со Канатларовски имаме иднина!?

2378

Постои големо незадоволство па и резултатите се очајни во репрезентацијата до 21 година која ја предводи Драган Канатларовски. Челниците на ФФМ треба добро да размислат и да пресечат околу тоа дали оваа селекција има иднина со ваквиот начин на работа, избор на фудбалери и игра…

Во квалификациите за пласман на ЕП ние веќе сме неконкурентни и далеку од врвот затоа што наредивме три порази во серија по кои сме -7 бодови од второто место. Губиме дома од Грузија, на гости од аутсајдерот Молдавија, дома од Холандија и само еден блесок и победа на гости кај Шведска по која влеговме во транс и се чини дека уште славиме а поразите се нижат и нижат.

Ништо не играме, слаб напад, никаква реализација и реми на тест со Австрија кое ништо не значи – во меч со ниту еден удар на гол.

Во ова време, во современ фудбал, најголемата казна е да ти кажат да следиш меч на младата селекција на Македонија, посебно оној последниот дома со Грузија кој е „буквар“ за сите тренери во Македонија и лекција за сите како не треба да се игра, како не треба да се работи, како не треба да се води една селекција која е важна, ако не и најважната во стратегијата на една федерација.

Незадоволсто има, бројките се тие, фактите исто така… Има луѓе и експерти кои добро знаат што е добро, што е надежно, што е просперитет. Во моментов во селекцијата до 21 година, ништо не е добро, нема надеж, нема перспектива!

Она што се очекува е смена и наоѓање на млад, амбициозен тренер кој ќе знае да направи „рестарт“ и да ја врати оваа генерација во живот. Имаме такви кадри, има тренери кои знаат и кои имаат резултати зад себе, но и тие треба да добијат шанса затоа што не се социјални случаи и сакаат да работат.

Од незадоволство врие и на социјалните мрежи каде родители на активни репрезентативци со тешки навреди му се обраќаат на актуелниот селектор Драган Канатларовски.

Раководството на ФФМ треба да пресече за добро на фудбалот!

ПретходноЈокиќ повторно „јадеше“ ќотек, па збесна (ВИДЕО)
СледноЕУРО 2024: Ова се двојките за 1/2 финалните бараж натпревари за пласман на ЕП, БиХ против Украина!