Јокиќ повторно „јадеше“ ќотек, па збесна (ВИДЕО)

2115

Никола Јокиќ од страна на НБА-судии има третман како дебитант, а не како најдобар играч во лигата на актуелниот шампион и МВП на финалето.

Откако беше исфрлен против Детроит бидејќи судиите им дозволија на противниците да го тепаат, оваа слика продолжи и на дуелот против Орландо за што сведочат неговите изгребани раце.

На четири минути до крајот при резултат 108:108 Јокиќ беше опкружен со дури четворица играчи на Меџик под противничкиот кош. Откако го промаши ударот, тој се избори за нова топка, а Ентони скокна на неговиот грб. Неверојатно, но остана неказнет за ова јавањето со што секако го собори Јокиќ на подот.

Јокиќ остана со Џејлен Сагс, кој успеа да го испровоцира, па Србинот одлучи да му врати.

 

ПретходноНеверојатна приказна: “Низ шума влеговме во ЕУ, а за тоа плативме 20.000 евра, сега ќе играм на ЕВРО 2024!“
СледноДобро да се размисли – дали со Канатларовски имаме иднина!?