Денеска во Нион беше одржана ждрепката за 1/2 полуфиналните бараж натпревери за пласман на ЕУРО 2024 кое ќе се одржи во Германија во јуни и јули следната година.
Има 12 селекции а само три “визи“. Прво се играат полуфиналиња а победниците во секој сегмент од Лига Нации, ќе играат финале па така ќе се добијат тие три селекции кои ќе настапат на европскиот фудбалски самит. Најинтересно ќе биде секако меѓу БиХ и Украина во полуфиналето, победникот од овој меч ќе игра со подобриот од дуелот Израел – Исланд.
Инаку овие мечеви се закажани за во март.
ПОЛУФИНАЛНИ ДВОЈКИ:
ЛИГА НАЦИИ – А
Полска – Естонија
Велс – Финска
ЛИГА НАЦИИ – Б
Израел – Исланд
БиХ – Украина
ЛИГА НАЦИИ – Ц
Грузија – Луксембург
Грција – Казахстан