Тренерот на Лацио, Маурицио Сари изјави дека донел погрешна одлука кога ја напуштил Премиер лигата и се вратил во Италија. Сари пред две години го презема Лацио и го врати во ЛШ со тоа што заврши втор минатата сезона. Тимот сега е во силна позиција за пласман во нокаут фазата.
Тој објасни зошто верува дека англискиот фудбал е единствениот одржлив систем.
„Единствениот одржлив фудбал е англискиот фудбал, најтрадиционален, каде што во сабота попладне нема натпревар на телевизија бидејќи луѓето ги преполнуваат стадионите и во послабите категории.
Финалето на ФА Купот е најгледаниот натпревар во светот по финалето на Лигата на шампионите, но веќе сто години секогаш ги има истите ритуали и се игра на Вембли, а не во Арабија (како финалињата на италијанскиот Куп и Суперкуп)“.
„Погрешив што го напуштив Челзи. Не знам зошто, но силно сакав да заминам не толку од Челзи, кој ќе ме задржеше, туку од Премиер лигата, која е уникатна убавина. Враќањето во Италија беше грешка“.
Тој даде неколку предлози за подобрување на фудбалот во Италија и Европа.
„Максимум 50 натпревари. Можеме барем да започнеме со малите нешта, како што се откажување од летните турнеи и враќање на Купот на Италија во август дури и за големите тимови, терајќи ги да играат на терените на тимовите од Серија Ц, кои потоа ќе заработат пари за да преживеат цела година“, вели Сари.