Браво, браво. Така се бранат боите на нашата земја, на Македонија. Бобан Илиоски денека стана светски првак, на Македонија и го донесе златото со победата во финалето на СП во Португалија, против Нурбек Уришбоев од Азербејџа и тоа убедливо со 3:0.
Ова е фантастичен успех на нашиот најдобар кикбоксер во овој момент.
По вчерашната победа во полуфиналето, селекторот Дејан Митровски – Урко порача дека со среброто не се задоволуваат и дека ќе се оди по златото во големото финале.
Така и бидна, Бобан Илиоски е светски првак, се закити со златото.