Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси во интервју за „Моцарт спорт“ испрати неколку важни пораки по историскиот пласман на репрезентацијата на Србија на ЕП 2024, прв пат од отцепувањето од Црна Гора, а и прв пат уште од 2000 година кога Пикси беше капитен на националниот тим.
Пикси призна дека играта не била на ниво во квалификациите за ЕП, а имаше неколку киксови како ремито со Бугарија и врзаните порази од Унгарија.
„Се сложувам дека нивото на играта не беше на ниво. Имаше индивидуални грешки кои изгледаат шокантно. Грешки во смисол да му поклоните гол на противникот. Кога зборував со играчите на таа тема, посебно сега после Бугарија, тие го рекоа истото: неверојатно е како си пукаме во ногата. Ние им подаривме два гола, а потоа моравме да бркаме резултат. Има време да се напредува во играта и таа да биде многу подобра на ЕП“, вели Стојковиќ кој потоа додаде дека „сите се селектори и дека сите знаат подобро од него“.
„И така тие фудбалски стручњаци велеа дека ќе им дадеме три-четири парчиња на Бугарите. Ете колку се разбираат во фудбал. Да се прекрстиш и да се прашаш дали овие луѓе се нормални. Не знам на каква основа се шири тој оптимизам. Лесно е да се зборува кога не се во ваша кожа. Така еднаш, одиме во Шведска да играме во ЛН и јас давам изјава за медиумите дека одиме таму да победиме. Ми се јавува едно големо фудбалско име и ми вели: „Немој така Драгане, не вели така. Важно е да не се изгуби“. А, на нас нерешено не ни носи ништо, Норвешка е прва во групата. Ете, тоа е таа разлика – како јас размислувам, а како тие размислуваат. Постојано се бара некакво алиби, немој да ветуваш, немој ова, немој она… Јас не сум таков. Гледам поинаку, чесно“, додаде српскиот селектор.
Се потсети на претходните квалификации за СП во Катар и победата во Португалија.
„Тој меч во Лисабон за мене е историска. И тогаш доаѓа некој и ти вели имавте среќа. Како не ви е срам? Што ли гледате? Кој сте вие да давате коментари? Дали ги гледавме сите 90 минути? Како можете да кажете дека тоа е среќа. Начинот на кој игравме, односот на теренот против силна Португалија, за тоа треба да кажете браво момци – па дури и да не победевме.
Искрено, не знам како тренер што треба да направам за да задоволам некого. Некој ќе каже браво, тоа е супер. Ама голем број ќе го речат спротивното. Затоа немојте да го деградирате нечиј труд. Луѓето се борат. Играчите доаѓаат волонтерски и играат за својата држава. Интересот е Србија да биде успешна. Важно е за играчите да почувствуваат поддршка“, изјави меѓу другото Пикси.
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВДЕ