Шкендија на последните пет средби, тука го сметаме и оној натпревар во Купот со Работнички, успеа да дојде само до една победа, и тоа на последниот меч со Тиквеш дома. Дали тетовци кои важат за едни од најсериозните кандидат во битката за титулата сепак успеале да се “извадат“ од таа резултатска криза, ќе се види денеска во Штип. Имено Шкендија и гостува на Брегалница во меч со кој се отвора 15.коло во ПМФЛ.
Во пресрет на денешниот дуел под Исарот (13 Ч), офанзивниот бек на Шкендија, Методи Максимов истакнува:
“Сиот фокус на сите нас во Шкендија веќе две недели е кон денешниот меч со Брегалница во Штип. Според мене пред нас е тежок меч, Брегалница има квалитетен состав кој посебно игра добро на свој терен. Од друга страна ние не криеме дека одиме по трите бода, дека сакаме победа во Штип денеска. Јас сум уверен дека Шкендија ќе одигра добро и ќе дојде до победата“ заврши младинскиот репрезентативец на Македонија.