Дождот и поплавените терени одложија два меча од ВМФЛ

983

Дождот кој обилно врне од ноќеска во најголемиот дел од земјава е причина за проблеми во организацијата и одигрувањето на некои од фудбалските натпревари од тековното 13. коло во Втората македонската фудбалска лига.

Како што предмалку потврдија од Фудбалската федерација на Македонија, натпреварите ФК БЕСА – ФК ТЕТЕКС и ФК СКОПЈЕ – ФК ОСОГОВО кои требаше да се одиграат денеска, се одложуваат поради лоши временски услови и обилен дожд.

Новиот термин за одигрување на овие два меча е 27. ноември (понеделник) од 13:00 часот.

ПретходноШвајцарија се кандидира за домаќин на ЗОИ во 2030 и 2034 година
СледноЛекарите нe му дозволија на Жоан Мир да вози во Валенсија по тешкиот пад на тренингот