Како што велат нашите информации, утрешните мечеви од 15.коло во ПМФЛ во Струга и Кратово тешко дека ќе се одиграат. Снегот постојано паѓа, посебно во Струга и речиси е невозможно утре од 13 часот својот натпревар да го одиграат Струга ТЛ и Воска.
Нешто слично е и во Кратово, каде утре од 13 часот треба да ги одмерат силите Силекс и Вардар. Сепак и за двата меча треба да се види до утре даи ќе се играат или не.
Ако нема услови, тогаш овие натпревари ќе се презакажат за во понеделник, а со оглед на тоа дека во среда има вонредно коло, тогаш сите овие екипи би играле во четврток.
Сепак останува да се види до утре наутро.