Баер Леверкузен дојде до својата 11-та победа сезонава во Бундеслигата, кога на гостувањето кај Вердер успеа да дојде до триумф од 0:3. Овој Леверкузен на Чаби Алонсо како да е од некоја друга планета. Во 12 меча има 11 победи само едно реми.
Стрелци беа Деман (автогол), Фримпонг и Грималдо.
Дортмунд во дербито на Рур со 4:2 го победи Менхенгладбах. Интересен меч со голеада. Фрајбург и Дармштад одиграа 1:1, со истиот резултат заврши мечот меѓу Унион Берлин и Аугсбург.
Додека Волфсбург со 2:1 го победи Лајпциг.