Салернитана го шокираше Лацио за прв триумф сезонава!

44

Иако губеше со 0:1 и тоа против големиот Лацио, сепак Салернитана на свој терен успеа да слави победа со 2:1 и тоа победничкиот гол на Кандрева во 66.минута кој беше еврогол. Претходно Имобиле донесе водство за тимот од Рим во 43.минута, а тимот од Салерно израмни на 1:1 преку Кастењос во 55.минута.

Со оваа победа и со овие три бода, Салернитана сеуште се наоѓа на последното место на табелата во Серија А, но ова беше прва победа за тимот од Салерно ова сезона, и тоа во 13.коло.

ПретходноЊукасл со четворка го “поздрави“ Челзи! (ВИДЕО)
СледноМонструозна „банана“ на Андреј Андоновски (ВИДЕО)