Во овој момент во СЦ „Јане Сандански“ се игра дуелот меѓу МЗТ Скопје и Чаир 2030. Гостите се вистински тврд „орев“ за актуелниот македонски првак, не му дозволуваат лесно да го наметне своето темпо.
Потегот на мечот засега го има Андреј Андоновски. Јован Александровски тргна да реализира, се чинеше дека тоа лесно ќе го стори, но Андоновски со монструозна блокада го спречи за овации на трибините.
На полувремето резултатот е 33-28, најава за интересна завршница.