Бутел Скопје добро го испоти Пелистер

172

Пелистер дојде до планираните бодови против Бутел Скопје на гостински терен. Актуелниот македонски првак се намачи за да дојде до победата, бидејќи домашниот тим беше силно мотивиран и не дозволи лесна прошетка на фаворитот. Крајниот резултат беше 30-32.

Ракометарите на Бутел скопје имаа водство во голем дел од првото полувреме. Поведоа со 4-1, па со 5-2. Гостите со серија од 3-0 изедначија на 8-8, но повторно Бутел Скопје најде начин како да ја врати позитивата. Пред одморот водеше со 13-11, но битолчани изедначија на 13-13.

Серија од 4-0 беше доволна за Пелистер да приреди целосен пресврт и на дело да покаже зошто е актуелен првак. Битолчани поведоа со 15-19 и од овој момент не му дозволија на противникот да се врати во дуелот.

Петровиќ со осум гола го предводеше Пелистер, кај домаќинот исто толку погодоци имаше Николов.

ПретходноЗовреа страстите кај гостите: Прекин во „Јане Сандански“ без фатални последици (ФОТО)
СледноДами и господа Елиф Елмас: Дијамантот му донесе победа на Наполи (ВИДЕО)