Дејвис Куп: Ѓоковиќ загуби два меча во еден ден, Италија преку Србија до финале

235

Тениската репрезентација на Србија е поразена од Италија во полуфиналето на Дејвис купот со победа од 2:1.

Решавачкиот триумф на „аѕурите“ го донесе двојникот во состав Јаник Синер и Лоренцо Сонего, кој со 2:0, по сетови 6:3, 6:4 ја совлада српската комбинација Новак Ѓоковиќ/Миомир Кецмановиќ.

На овој начин, најдобриот тенисер во светот денеска запиша два порази, еден против Јаник Синер од 2-0, па сега и во двојки. На овој начин Србија не успеа да го повтори успехот од 2010 година кога стана светски шампион.

Италија во недела ќе игра против Австралија во финалето на Дејвис купот.

ПретходноНа МЗТ Скопје му требаше една четвртина за го демолира Чаир 2030 (ФОТО)
СледноБеласица го прогласи судијата Левески за играч на мечот, Вардар Н. со реакција: Боли а?