Вчера во меч од 13.коло во ВМФЛ, во Неготино домашниот Вардар со 1:0 успеа да го победи тимот на Беласица. По мечот гостите беа незадоволни од судењето на судијата Левески, ама она за што се раскажува во фудбалска Македонија е пораката на „Ајдуци“, навивачката група на Беласица од Струмица која од Неготино си кажа:
„Заеби вино, дај мастика“…
Интересно, порака која “пецка“ и која објаснува дека ако во Неготино виното е “закон“, тогаш во Струмица тоа е мастиката.