Во меч од 9.коло во нашата елитна кошаркарска лига, Пелистер како домаќин успеа со, повеќе од убедливи 116:74 да го декласира составот на Вардар и да ја оствари шестата победа оваа сезона.
Дека Пелистер има намера и тоа како да победи, тоа го демонстрираше уште во првата четвртина, која ја доби со 31:18. Потоа до крајот се беше рутина за битолчани, прашање беше само со колкава разлика на крајот ќе триумфираат.
А на крај резултатот гласеше 116:74, или разлика од +42 поени.
Ова за Вардар беше шести пораз.
Кога сме кај стрелците да кажеме дека најефикасен на мечот беше Маслинко со 26 поени кај победничкиот тим, додека кај гостите Атанасов уфрли 16 поени.