Она што се најавуваше неофицијално, веќе е потврдено. Лука Марини е новиот возач на Репсол Хонда. Марини доаѓа во еден од најдолговечните тимови во мото ГП шампионаото за да го покрие испразнетото место што го остави Марк Маркез, кој замина во тимот на Гресини.
Марини можеше да блесне оваа сезона во Дукати, но а крајот заврши само како осми. Неговиот најдобар резултат оваа сезона беше второто место во Остин.
Хонда денеска со кратко соопштение во кое нема изјави потврди дека Марини доаѓа како замена за Маркез. Договорот е на две години, како што е планирано.
It’s now OFFICIAL 🚨 Luca Marini has signed with Repsol Honda for 2024 & 2025 ✍️#MotoGP pic.twitter.com/J1FsXxpJNe
— Crash MotoGP (@crash_motogp) November 27, 2023