Алкалоид се „чекираше“ во Нов Сад (ФОТО)

298

Македонскиот вицепрвак, Алкалоид пристигна во Нови Сад, каде утре (18:45 часот) ќе ги одмери силите со Војводина во последниот гостински меч од Европската лига.

И на оваа средба фаворит е домаќинот, кој е под резултатскиот притисок. Војводина мора да освои минимум бод од дуелот со Алкалоид за да го верификува пласманот во групната фаза. Во спротивно, разврската ќе биде префрлена во последното коло.

На другата страна избраниците на Кирил Лазаров немаат резултатски притисок, доаѓаат со една цел да се одигра послободно и да се остави посилен впечаток, секако и да се обидат да изненадат и да дојдат до резултат кој ќе биде дополнителен мотив.

ПретходноЃоковиќ одбил да се тестира, мора да биде казнет!
СледноВМФЛ: Лидерот убедлив и со Тетекс, Скопје го совлада Осогово