Халанд го урна рекордот на Мбапе: Норвежанецот е најмладиот во ЛШ кој постигна 40 гола

237

Ерлинг Халанд синоќа стана најбрзиот играч кој постигнал 40 гола во Лигата на шампионите.

Манчестер Сити го победи Лајпциг со пресврт во второто полувреме со 3:2 во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а Халанд успеа да постигна два гола со што дојде до бројката од 40 гола на турнирот за кои му беа потребни само 35 натпревари.

Норвежанецот го собори рекордот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и стана најмладиот играч кој постигнал 40 гола во најсилното европско клупско натпреварување со само 23 години и 130 дена.

 

ПретходноСтрумица без Тунижаните заминува на реваншот со Дирен во Купот на ЦЕВ
СледноПешевски пред Киелце: Да бидеме трпеливи и да ја чекаме нашата шанса