Пешевски пред Киелце: Да бидеме трпеливи и да ја чекаме нашата шанса

131

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер се подготвува за новиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите против екипата на Киелце. Дуелот во четврток од 20.45 часот се игра на гостински терен, а нашиот првак ќе се обиде да се прикаже во најдобро светло.

Пикерот на битолскиот тим, Жарко Пешевски, во пресрет на натпреварот вели:

„Се подготвуваме напорно за Киелце. ’Ветер во грб’ ни е одличното второ полувреме кое против нив го одигравме во Битола. Пофалните зборови од Талант Душебаев ни даваат до знаење дека треба уште повеќе да ’нагазиш’ и да се покажеш во уште подобро светло и на гостински терен. Доаѓањето на Филип Кузмановски ни даде елан за повеќе да веруваме. Македонските ракометари треба да преземат повеќе одговорност. Имаме Македонци кои знаат да играат во Лигата на шампионите и потпомогнати од интернационалните засилувања, време е да одиграме квалитетни шеесет минути и зошто да не се радуваше. Киелце ќе излезе во поинаков состав во споредба со натпреварот во Битола. Тука не играа Алекс Душебаев и Сичко, верувам дека сега ќе играат. Подготвуваме агресивна одбрана за нив, а во напад треба да бидеме трпеливи и се надевам дека ќе бидеме изненадување. Играта ’седум на шест’ секогаш ни е опција. Имаме позитива која нè краси во последниот еден месец и на добар пат сме за позитивни резултати“, вели Пешевски.

ПретходноХаланд го урна рекордот на Мбапе: Норвежанецот е најмладиот во ЛШ кој постигна 40 гола
СледноМајк Кјубан ќе го продаде Далас за 3,5 милијарди долари!