Милан како да е „проколнат“: 25 повреди од почетокот на сезоната, последен во низата е Тиао!

115

Со вчерашната повредата на Малик Тиао, Милан веќе стигна до неверојатна бројка од 25 повреди од почетокот на тековната сезона. Бројката изгледа неверојатно, но за „росонерите“ е чиста реалност.

Во голема мера повредите кои сезонава ги добиваа момците од тимот на Стефано Пиоли се мускулни (дури 18). Оваа тема во клубот периодов многу сериозно се анализира, особено што овие повреди во практична смисла чинат многу загубени бодови и натпревари.

По Леао и Окафор, Тиао е уште една лоша вест во моментов за навивачите на Милан. Тој само се надоврза на „болницата“ во одбраната која го зафати Милан. Надвор од тимот е и Калулу, кој ќе го нема уште околу три месеци. Кјаер е болен, а Пелегрино, по седумдесет минути минати во Милан се повреди. „Аут“ е и Калдара, па одбраната на Милан сега е практично без стартер, освен Томори.

Ако се знае дека прогнозата на лекарите за повредата на Малик Тиао не е добра, прашање е каков експеримент во дефанзивата ќе изведе Пиоли на следниот меч.

ПретходноСтруга ТЛ го победи Вардар и сега таа се прашува кој ќе биде есенски шампион! (ФОТО)
СледноПоплава во Истанбул, сепак мечот Галатасарај – Манчестер Јунајтед ќе се игра! (ВИДЕО)