Партизан синоќа славеше протв Панатинаикос после продолжение со 92-87 во меч од 11 коло во Евролигата. Предводникот на српскиот тренер, Жељко Обрадовиќ даде интересна изјава по дуелот, ги пофали неговите момци за борбеноста потенцирајќи дека клубот не може да донесат 12 Џордани.
„Понитка беше надвор од ритам. Се однесува исклучително, тренира, има квалитет и му верувам, како и на другите играчи. Камински игра офанзивно на извонредно ниво. Не можеме да донесеме 12 Џордан во Партизан. Што очекувате сите да бидат фантастични во се? Да ќе играат исто и во напад и во одбрана? Тоа е невозможно, секој си има мани. Јас сум крајно задоволен пред се , со нивното однесување. Не можам да ги донесам оние играчи кои играат се, ги има малку“, изјави Обрадовиќ.
Партизан е на 12 место на табелата во Евролига со пет победи и шест порази.