Ливерпул го победи ЛАСК со 4:0 на „Енфилд“ во петтото коло од групата Е во Лига Европа, а англиските гиганти напролет ќе го продолжат натпреварувањето во нокаут фазата. Тренерот Јирген Клоп по натпреварот зборуваше за дефанзивецот Џарел Каванса (20) кој одигра 90 минути за Ливерпул.
„Искрено, ова е најдобрата вест за Ливерпул. Луѓето ни рекоа пред сезоната дека треба да купиме дефанзивец, но знаевме дека го имаме Џарел. Дали знаевме дека ќе игра вака? Не навистина, но се надевавме. Значи иднината е светла. Тој е играч од нашето училиште. Мирен е со топката во неговите нозе, добар во дуел, брз и бескомпромисен во вистинските моменти“, рече Клоп за Каванса, кој го одигра целиот натпревар како стопер.
Тој е англиски репрезентативец до 21 година кој дојде преку младинските редови на Ливерпул. Сезонава забележа десет настапи за првиот тим, што се и негови први натпревари за славниот клуб. Тој стартуваше шест пати од првата минута. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на два милиони евра.