Лирија на вистински тест кај шампионот, женското дерби во понеделник

114

Во забрзано темпо, продолжуваат возбудувањата во домашниот одбојкарски шампионат. Во Првата лига за мажи во битка за местата кои водат во втората фаза и во тековното коло не очекуваат неколку интересни пресметки.

Лирија по неколкуте добри резултати денеска е има вистински тест на квалитетот на гостувањето кај шампионот Струмица, додека Шкендија ќе го пречека Работнички 71&22.

Малку поинтересно ќе биде кај дамите, каде не чека ново дерби меѓу Наковски Волеј и Јанта Волеј, кое ќе се игра во централен термин во понеделник. Во рамките на 11. коло Фит Фан Волеј ќе го предизвика шампионот.

ПРВА ЛИГА МАЖИ / 9. КОЛО

ДЕНЕСКА: 

13.30 Весна Пробиштип – Вардар

18.00 Струмица – Лирија

18.00 Шкендија – Работнички 71&22

20.00 Универзитет во Тетово – Сушево

20.00 Јанта Волеј – Штип УДГ

Вчера: Македонија Џио – ГОК Борец

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ / 11. КОЛО

ДЕНЕСКА: 

17.00 Работнички – Фит Фан Волеј

18.00 Младост УДГ – Вардар ЕМ

20.00 Вардар 2019 – Струмица

ПОНЕДЕЛНИК: 

19.00 Наковски В. – Јанта Волеј

ПретходноВМФЛ: Некогаш беше големо дерби – Пелистер на гости кај Победа, Беса во Куманово станува есенски шампион!
СледноЈокиќ доминираше во историскиот меч на Дурент и Нуркиќ