Со по еден гол во двете полувремиња, екипата на Скопје го совлада тимот на Академија Пандев на пријателскиот меч одигран во Автокоманда.
Скопје поведе во првиот дел преку Христијан Кировски, за во вториот дел Иван Настевски зголеми на 2:0 и да го постави конечниот резултат.
Васоски и Марковски им дадоа шанса на повеќе фудбалери, со цел да ја видат формата на истите пред продолжението на подготовките.